ГРУПИ СПОРЕД ВОЗРАСТ
ПРЕДУЧИЛИШНИ КУРСЕВИ
ВИСТИНСКО ВРЕМЕ ДА СЕ ЗАПОЧНЕ СО ЗАПОЗНАВАЊЕ НА СТРАНСКИ ЈАЗИК
Часовите за најмалите (деца од 4 и 5 години) се одвиваат во простории целосно прилагодени за нивната возраст. Наставата е според најновите специјализирани програми. Заедно, енергични и полни со фантазија, го истражуваме светот на главните јунаци од книгите и преку песни и приказни, танцување, глума и креативни работилници за прв пат се запознаваме со јазикот. На овој начин најмалите започнуваат да го разбираат и користат странскиот јазик преку разновидните креативни активности кои им даваат можност да учат преку игра поврзувајќи ги сликите на картичките (flashcards) со изговорот на зборовите, како и фразите со ситуациите. Програмата и методолошкиот пристап преку слики, картички, постери, книги со лепенки, презентации и други визуелни средства ја стимулира асоцијативната зона кај децата и успешно ја поврзува когнитивната перцепција со вокабуларот, изговорот и фразите за дадената ситуација и лесно ги воведува во основите на јазичните структури. Стекнуваат самодоверба во говорот и активно учествуваат во наставниот процес. Овој курс нуди одлична можност децата низ игра истовремено да го засакаат јазикот и преку континуираното изучување да ги развиваат интелектуалните и јазични способности.На крајот на годината организираме претстава на која дечињата и наставниците покажуваат пред родителите што научиле во текот на учебната година.
Дополнителни помагала и материјали вклучени во наставата:
Образовни игри, анимирани приказни;
Кукли;
Картички со сликовито прикажани зборови (flashcards);
Постери;
Самолепливи сликички;
Картички со приказни;
Кратки приказни;
Софтвер ( аудитивен и визуелен приказ за развивање на вештините слушање со разбирање и говорење)
Материјали за креативни работилници
Едукативни играчки
Ниво: предучилишно
Настава: 2 пати неделно по 30 мин.
Времетраење: од 1ви септемви до 31-ви мај
Број на слушатели: 8-10
Распоред: од понеделник до петок
Диплома: по истекот на училишната година, на свечената приредба, нашите најмлади слушатели се здобиваат со диплома за завршениот степен
Курсот вклучува:
Уверение
Свечената приредба, на крајот на учебната година.

