top of page
1200px-Flag_of_Italy.svg.png

ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ ЗА ИТАЛИЈАНСКИОТ ЈАЗИК

Италијански [itaˈljaːno] е романтичен јазик кој припаѓа на романската јазична група (фамилија индоевропски јазици) го зборуваат околу 70 милиони луѓе, од кои најголемиот број живеат во Италија, Сан Марино и јужна Швајцарија. Стандардниот италијански јазик е заснован на фирентинскиот дијалект и е нешто како среден јазик помеѓу јазиците на јужна Италија и галско-романските јазици на северот. Стариот тоскански стандарден јазик, во последните неколку децении, попримил влијанија од италијанскиот говор од Милано, економскиот центар на Италија. Италијанскиот е службен јазик во Италија и Сан Марино, како и во Швајцарските кантони Тичино и Гриџони. Италијанскиот заедно со латинскиот е втор службен јазик во Ватикан, заедно со словенечкиот е службен и во словенечките приморски општини Копер, Изола и Пиран, а исто така заедно со хрватскиот се користи и во Истра каде што живее италијанско малцинство. Мошне е раширен и меѓу потомците на иселениците во Луксембург, САД и Австралија. Исто така доста се употребува и на Малта, каде што бил еден од службените јазици  до 1934 година кога бил заменет со англискиот јазик. По малку се зборува и во бившите африкански колонии на Италија, како што се Сомалија, Либија и Еритреја. 


Италијанскиот е главен европски јазик, кој е еден од официјалните јазици на Организацијата за безбедност и соработка на Европа и еден од работните јазици на Советот на Европа. Тој е втор пошироко говорен мајчин јазик во Европската унија со 67 милиони говорители (15% од популацијата на ЕУ) и се зборува како втор јазик од 13,4 милиони граѓани на ЕУ (3%). Вклучувајќи ги италијанските говорители во европските земји што не се членки на ЕУ вкупниот број говорители е приближно 85 милиони. Италијанскиот е познат како јазик на музиката заради неговата употреба во музичката терминологија и операта; бројни италијански зборови кои се однесуваат на музиката станаа меѓународни термини ширум светот. Неговото влијание е исто така распространето во уметноста и на пазарот за храна и луксузни производи.


Лексичкиот фонд на италијанскиот јазик како дел од групата на романски јазици се состои во најголем дел од лексеми кои настанале по пат на еволуција на народниот говорен латински јазик, иако не можат да се изостават ни таканаречените учени зборови (итал. voci dotte) кои во италијанскиот јазик се воведени со директно преземање од класичниот латински јазик. Меѓутоа, бидејќи ниту еден јазик не може да остане изолиран од други јазични влијанија, така и италијанскиот примал зборови од многу други јазици (грчки, германски, келтски, француски,  шпански и во поново време, англиски). Процентуално, нешто помалку од 70% од италијанските зборови имаат латинско потекло (66.8%), додека околу 10.9% се со грчко потекло а потоа следуваат и другите влијанија.
 

Сѐ до потполната афирмација на националните јазици, латинскиот опстојува како јазик на религијата, филозофијата, правото, медицината и другите науки, како и јазик на европската култура општо гледано. Тоа постојано присуство на латинскиот како јазик на учените класи не можел да остане без последици за романските јазици, особено кога националните јазици почнуваат да се употребуваат во книжевниот и научниот говор. Приливот на латински зборови во италијанскиот јазик никогаш и не престанал, уште од неговата прва административна и формална употреба па сѐ до ден денешен.

Kjara Dona e najdobriot centar za stranski jazici vo Makedonija.  Organizirame vrvni kursevi po stranski jazici, prilagodeni za secija potreba i nivo na znaenje. Angliski i germanski site nivoa, svedski bez maka, ili mozebi nekoj od drugite jazici za koi imame kursevi. Nie sme skolo za stranski jazici so najdobrite profesori vo regionot.

Italian Restaurant
РЕДОВНИ КУРСЕВИ
Group Lecture

РЕДОВНИ КУРСЕВИ ПО ИТАЛИЈАНСКИ ЈАЗИК

People Working in Open Office

СПЕЦИЈАЛИЗИРАНИ КУРСЕВИ ПО ИТАЛИЈАНСКИ ЈАЗИК

Anchor 1
bottom of page