top of page
germany300__88403.1567703994.gif

ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ ЗА ГЕРМАНСКИОТ ЈАЗИК

Германскиот јазик најмногу се зборува во Германија (каде што е прв јазик на повеќе од 95% од населението), Австрија (89%) и Швајцарија (65%). Исто така, германскиот го зборуваат и мнозинство од населението во Луксембург и Лихтенштајн. Други европски заедници кои го зборуваат германскиот јазик се наоѓаат во Северна Италија (во покраината Болцано и во некои општини во други покраини), во источните кантони во Белгија, во француските региони Елзас и Лорена, како и во некои гранични села од поранешниот Јужен Јиланд во Данска. Заедници кои зборуваат германски исто така се наоѓаат во делови од Чешка, Словачка, Унгарија, Полска, Романија, Србија, Русија и Казахстан. Јазиците најслични на германскиот јазик се другите членови на гранката на западногермански јазици, вклучително и африкански, холандски, англиски, фризиски јазик, долногермански / долно саксонски и јидски. Исто така, постојат сличности во вокабуларот со данскиот, норвешкиот и шведскиот јазик, иако тие припаѓаат на групата северногермански јазици. Германскиот јазик е втор најмногу зборуван јазик во светот, по англискиот.


Ова е еден од најраспространетите јазици во светот. Германскиот е мајчин јазик на скоро 100 милиони луѓе ширум светот и најговорен мајчин јазик во Европската унија. Германскиот е трет најчесто зборуван странски јазик во ЕУ по англискиот и францускиот јазик, што го прави втор најзастапен јазик во ЕУ во однос на вкупниот број на говорители. Германскиот јазик исто така е втор најизучуван странски јазик во основните училишта во ЕУ, по англискиот јазик (но трет по англискиот и францускиот јазик на пониско средно ниво), четврт најзастапен изучуван не-англиски јазик во САД (по шпанскиот, францускио и американскиот знаковен јазик), и втор најчесто употребуван научен јазик, како и трет најупотребуван јазик на веб-страниците по англискиот и рускиот јазик. Земјите што зборуваат германски јазик се рангирани на петтото место во однос на годишното објавување на нови книги, со една десетина од сите книги (вклучително и е-книги) во светот. Во Велика Британија, германскиот и францускиот јазик се најбараните странски јазици за сите деловни активности.


Германскиот, по шпанскиот, е трет најизучуван странски јазик во земјите во кои се зборува англиски јазик. Германскиот е главен јазик во Европа, со околу 90-95 милиони говорители, или 13,3% од сите Европејци, вториот најзборуван мајчин јазик во Европа, по рускиот, пред францускиот (65 милиони говорители) и англискиот (64,2 милиони говорители). Според тоа, германскиот јазик е прв најзборуван јазик во Европската Унија, но втор странски јазик кој најмногу го знаат граѓаните од Европската Унија. Тој е еден од службените јазици во Европската Унија и еден од трите јазици со кои се служи Европската комисија, покрај англискиот и францускиот. Триесет и два проценти од граѓаните од петнаесет земји од Европската Унија, велат дека можат да разговараат на германски (без разлика дали како мајчин, втор или странски јазик). Германскиот јазик бил и останува лингва франка во средна, источна и јужна Европа.

Kjara Dona e najdobriot centar za stranski jazici vo Makedonija.  Organizirame vrvni kursevi po stranski jazici, prilagodeni za secija potreba i nivo na znaenje. Angliski i germanski site nivoa, svedski bez maka, ili mozebi nekoj od drugite jazici za koi imame kursevi. Nie sme skolo za stranski jazici so najdobrite profesori vo regionot.

Brandenburg Gate
РЕДОВНИ КУРСЕВИ
Group Lecture

РЕДОВНИ КУРСЕВИ ПО ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК

People Working in Open Office

СПЕЦИЈАЛИЗИРАНИ КУРСЕВИ ПО ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК

Anchor 1
bottom of page