top of page

ЗА НАС

Кјара Дона
ЈАЗИЧЕН ЕДУКАТИВЕН ЦЕНТАР
СО ВАС ОД 2015
Arrow-Down.gif

 

Кјара Дона е реномирано и водечко училиште за странски јазици во Скопје, Македонија. Нуди професионална јазична обука за сите возрасти и нивоа според заедничката европска референтна рамка за јазици. Располага со исклучително модерно опремени и климатизирани простории кои овозможуваат пријатна атмосфера за учење. Кјара Дона се стреми кон унапредување на стандардите и нуди највисок квалитет во наставата. Искуството и нашиот наставен и административен кадар гарантираат за највисоко ниво на јазични услуги. Нашите почетоци беа скромни, со една училница, мал број на слушатели и еден професор по англиски јазик, но со квалитетна работа стигнавме до она што сме денес, а тоа е респектабилно училиште кое врши едукација на голем број странски јазици. Покрај англискиот јазик, во нашето училиште се изучуваат германскиот, италијанскиот,  францускиот, албанскиот, грчкиот и македонскиот јазик за странци. Темпото на животот на современиот човек е такво што тој нема многу слободно време. Од тие причини ние се одлучивме за еден поинаков пристап и систем на организација на нашата работа.  Затоа покрај наставата во нашите простории организиравме и спроведуваме онлајн курсеви за сите слушатели кои сакаат да учат во удобноста на својот дом. Упорноста, креативнoста и големата посветеност на вработените резултираше со голем успех кај нашите слушатели кои воедно се нашата најголема реклама. Курсевите за странски јазици се одржуваат  не само во нашите простории во БЦ Палома Бјанка.  Присутни сме во основни училишта и градинки каде што работиме со деца од училишна и предучилишна возраст. Организираме курсеви за деца и за возрасни слушатели кои се насочени кон учење на странските јазици и оспособување за нивно активно користење како и можност за нивно специјализирање во одредени области. Покрај индивидуалната настава, редовните, интензивните , суперинтензивните, специјализираните курсеви Кјара Дона врши подготвителна настава за стекнување на меѓународни сертификати за познавање на странски јазици, како и подготовки за полагање на испитите по македонски и англиски јазик од државната матура.

Наставен Кадар

Наставен кадар

Јазичниот Едукативен Центар Кјара Дона располага со квалитетен стручен кадар на професори, професионални во едукативната област. Нашиот наставниот кадар е нашата најголема предност. Професорите во Кјара Дона се стручни и компетентни со големо искуство во областа на јазичното подучување. Тие се мотивирани, посветени и целосно насочени кон своите слушатели, секогаш подготвени да ги направат часовите интересни, интерактивни и ефикасни.

Pile Of Books
Како работиме
Untitled.jpg

Како работиме

СОВРЕМЕНИ ЕДУКАТИВНИ СРЕДСТВА
НАЈСООДВЕТНИ ПРОГРАМИ ЗА УЧЕЊЕ
ИЗВОНРЕДНИ УСЛОВИ

Курсеви за основци

Наставната програма одлично ги комбинира активното користење на англискиот јазик преку разновидни живописни теми од секојдневието. Таа е целосно прилагодена за возраста на учениците и подразбира индивидуален пристап и работа со секое дете. Прецизно конципираните јазични единици, како граматичката структура и зборовниот фонд, овозможуваат постепено надградување на сите четири вештини потребни за слушателот да почне да го користи странскиот јазик – читање, пишување, слушање и зборување. Темите се внимателно избрани да ги мотивираат учениците и да создаваат позитивна атмосфера за учење.

Дополнителни материјали вклучени во наставата:

  • Аудио и видео материјали

  • Картички со сликовито прикажани зборови (flashcards)

  • Постери

  • Материјали за креативни работилници

  • Литература и речници

Курсеви за средношколци

Наставата е динамична, интерактивна, исполнета со теми кои се интересни и сосема прилагодени за нивната возраст. Граматиката се усвојува преку посебна и докажано успешна методологија. Покрај стандардниот наставен материјал користиме многу дополнителни вежби, аудио и видео материјали.

  • аудио и видео материјали

  • тематски единици од разновидни области

  • систематски развој на сите четири јазични вештини преку реални задачи кои го мотивираат и охрабруваат ученикот да се вклучи во наставата

  • лексички вежби кои практично се применуваат и го активираат целиот суштински фонд на зборови вклучувајќи колокации, секојдневен англиски , фразални глаголи и зборообразување

  • разновидни автентични задачи кои го стимулираат читањето и слушањето

  • граматички секции кои ги покриваат сите големи граматички области + граматика

  • анализа на текстови и вежби за сите видови на пишување со примери

  • вежби за зборување

Курсеви за возрасни

Наставата е посебно прилагодена за возрасните слушатели, содржи внимателно конципирани тематски единици од секојдневни животни ситуации како и практична примена на англискиот јазик после завршувањето на секоја тематска единица. Ваквиот начин на изучување на странскиот јазик овозможува брзо запомнување на јазичните единици со единствена цел – слушателот што побрзо да започне да го користи јазикот и без проблем да се снаоѓа во странската јазична средина.

 

Придобивки од курсот

  • Општо подобрување на јазичните способности

  • Совладување на тешкотиите при усно изразување

  • Усвојување на граматиката преку посебна и делотворна методологија

  • Постојано проширување на зборовниот фонд

  • Запознавање со културата на земјата чиј јазик се изучува

  • Напредок во кариерата

Kjara Dona e najdobriot centar za stranski jazici vo Makedonija.  Organizirame vrvni kursevi po stranski jazici, prilagodeni za secija potreba i nivo na znaenje. Angliski i germanski site nivoa, svedski bez maka, ili mozebi nekoj od drugite jazici za koi imame kursevi. Nie sme skolo za stranski jazici so najdobrite profesori vo regionot.

black-1072366(1).jpg

НАСТАВА

 

Групите во Кјара Дона се доволно мали за индивидуален пристап кон секој слушател, а сепак доволно големи за да се овозможи  комуникација. Овие идеални услови им овозможуваат на слушателите да го користат јазикот што го изучуваат уште на основно ниво.


Методологијата која се користи во Кјара Дона е комуникативна и насочена кон единствената цел - слушателот. Се користат најмодерни наставни методи и материјали кои се фокусираат на целите на слушателите и овозможуваат практично користење на јазикот што го изучуваат.


Кјара Дона нуди голем избор на општи и специјализирани курсеви за сите возрасти и нивоа одредени според заедничката европска референтна рамка за јазици (CEFR). Јазичните курсеви се интерактивни, разновидни според највисоките светски стандарди. Без разлика дали го изучувате јазикот од лични, професионални, академски или практични причини, Кјара Дона ќе Ви помогне да го направите вистинскиот избор.

Групи
Политики

Политика за квалитет

Вистинскиот приоритет во училиштето Кјара Дона е квалитетот, а нашиот императив - неговото постојано подобрување. За таа цел, имаме воспоставено систем за постојана контрола на квалитетот кој без исклучок се применува во текот на целата учебна година.

 

Носители сме на сертификатот „Коректна фирма“, сертификатот за квалитет IASS 2019:2021 како и меѓународниот сертификат за квалитет ISO 9001: 2015 кој ни наложува строго почитување на процедурите за работа како и заложба за континуирано подобрување. 

ISO KD 2021.jpg

Поплаки и Пофалби

Ако верувате дека Кјара Дона направила грешка, ве повикуваме да не контактирате со поплака или да ни го кажете вашато гледиште, а ние ќе разгледаме што не е во ред. Така ни помагате да не ги повториме нашите грешки и ни давате можност да ја завршиме својата работа подобро.

Исто така пофалете не, ако добро ја завршивме нашата работа.

Можете да контактирате со нас преку телефон, е-пошта, Фејсбук, или Инстаграм

Политика за животна средина

Со оваа политика за животна средина, ние сакаме да ја поставиме основата за работењето на Кјара Дона кон одржлив развој и зачувување на животната средина. Политиката за животна средина е дел од одговорноста на раководството. Со цел оваа политика да биде ефективна и ефикасна, таа мора да биде надополнета со цели на животната средина кои можат да бидат ревидирани и поврзани со работењето на училиштето.

Кјара Дона се стреми континуирано да го подигнува нивото на знаење и посветеноста на проблемите со животната средина на сите вработени и клиенти.

НАШИТЕ ТЕМЕЛНИ ВРЕДНОСТИ

Бидејќи Кјара Дона има за цел да доминира во областа на јазичната едукација, со посебен акцент на социјализацијата, во целост се придржува кон своите политики за квалитет и животна средина, а се потпира на следниве основни вредности:

  • Постојаната обука и надградба на вештините на нашите вработени, ни даваат доверба дека можеме да ги исполниме сите задачи.

  • Посветеноста и тимскиот дух се клучните фактори за сите досегашни успеси во нашето работење

  • Планетата е нашиот единствен дом - ние мора да ја третираме правилно.

  • Едукацијата е патот до успехот, затоа ја работиме нашата работа со љубов и радост.

Earth and Space

Политика за  приватност

Кјара Дона ја почитува Вашата лична приватност и вашето право да имате контрола врз начинот на обработка на вашите лични податоци. Отворени сме и целосно транспарентни за тоа какви податоци собираме и зошто тоа го правиме. Нашата политика за лични податоци опишува какви лични податоци собираме, за која цел тие се собрани, како можете да имате контрола врз вашите лични податоци и како можете да контактирате со нас за прашања во врска со обработката на личните податоци. Кјара Дона делува во согласност со овие услови и е одговорна за обработка во согласност со законодавството и во согласност со регулативата за заштита на лични податоци.

Правилата и условите ви кажуваат како можете да ги користите нашите услуги и условите што постојат при користење на услугите на Кјара Дона. Овде можете да прочитате, меѓу другото, наши правила за вашите фактури, што се случува кога има има грешка во услугата и како ги управуваме вашите лични податоци.

Правила и услови

bottom of page