top of page

ГРУПИ СПОРЕД ВОЗРАСТ

ПРЕДУЧИЛИШНИ КУРСЕВИ

ВИСТИНСКО ВРЕМЕ ДА СЕ ЗАПОЧНЕ СО ЗАПОЗНАВАЊЕ НА СТРАНСКИ ЈАЗИК

Часовите за најмалите (деца од 4 и 5 години) се одвиваат во простории целосно прилагодени за нивната возраст. Наставата е според најновите специјализирани програми. Заедно, енергични и полни со фантазија, го истражуваме светот на главните јунаци од книгите и преку песни и приказни, танцување, глума и креативни работилници за прв пат се запознаваме со јазикот. На овој начин најмалите започнуваат да го разбираат и користат странскиот јазик преку разновидните креативни активности кои им даваат можност да учат преку игра поврзувајќи ги сликите на картичките (flashcards) со изговорот на зборовите, како и фразите со ситуациите. Програмата и методолошкиот пристап преку слики, картички, постери, книги со лепенки, презентации и други визуелни средства ја стимулира асоцијативната зона кај децата и успешно ја поврзува когнитивната перцепција со вокабуларот, изговорот и фразите за дадената ситуација и лесно ги воведува во основите на јазичните структури. Стекнуваат самодоверба во говорот и активно учествуваат во наставниот процес.  Овој курс нуди одлична можност децата низ игра истовремено да го засакаат јазикот и преку континуираното изучување да ги развиваат интелектуалните и јазични способности.На крајот на годината организираме претстава на која дечињата и наставниците покажуваат пред родителите што научиле во текот на учебната година. 


Дополнителни помагала и материјали вклучени во наставата: 

  • Образовни игри, анимирани приказни; 

  • Кукли; 

  • Картички со сликовито прикажани зборови (flashcards); 

  • Постери; 

  • Самолепливи сликички; 

  • Картички со приказни; 

  • Кратки приказни; 

  • Софтвер ( аудитивен и визуелен приказ за развивање на вештините слушање со разбирање и говорење) 

  • Материјали за креативни работилници 

  • Едукативни играчки  


Ниво: предучилишно 

Настава: 2 пати неделно по 30 мин. 

Времетраење: од 1ви септемви до 31-ви мај

Број на слушатели: 8-10 

Распоред: од понеделник до петок

Диплома: по истекот на училишната година, на свечената приредба, нашите најмлади слушатели се здобиваат со диплома за завршениот степен


Курсот вклучува: 

  • Уверение 

  • Свечената приредба, на крајот на учебната година.

КОНТАКТИРАЈТЕ  НЕ

ул. Даме Груев бр. 16, Скопје

Т.Ц. Палома Бјанка, 2 спрат

Телефони:  078518882  078313398

СЛЕДЕТЕ НЕ

  • Facebook
  • Instagram
  • YouTube
© 2019 Copyright KjaraDona
bottom of page