СПЕЦИЈАЛИЗИРАНИ КУРСЕВИ
КОНВЕРЗАЦИЈА
ПОДОБРЕТЕ ГИ ВЕШТИНИТЕ ЗА КОМУНИКАЦИЈА НА СТРАНСКИ ЈАЗИК, ЗА СЕКОЈА ПРИГОДА
Овој курс е наменет за слушатели од А2 до Ц1 ниво на познавање на странскиот јазик (според заедничката европска референтна рамка за јазици) а на кои им е потребно да ја подобрат својата умешност во комуникацијата. Овој курс е наменет за сите оние кои сакаат да го подобрат говорниот јазик на повисоко (професионално) ниво.
Целта на курсот е кандидатот да стекне поголема самодоверба во користењето на странскиот јазик, професионално да се изразува, како и целосно да го подобри комуницирањето на одбраниот јазик. Овој курс ќе Ви помогне да го проширите Вашиот вокабулар и флуентност кога разговарате на англиски јазик во секојдневни, но и деловни ситуации.
Содржините кои се опфатени во овој курс ќе им овозможат на кандидатите да се изразуваат течно и спонтано да комуницираат на различни теми и ќе им помогнат да започнат, водат и завршат раговори во формални и неформални ситуации.
Некои од предвидените теми за овој курс се:
Како да се започне и заврши разговор
Невербална комуникација
Размена на информации
Интеракција помеѓу соговорници
Стратегии на конверзација, презентација со постојан акцент на зборувањето преку дискусии, дијалози и дебати како и читање и слушање автентични материјали
Искажување на свое мислење и барање мислење
Согласување / Несогласување
Учтиво барање
Предлози и совети
Секојдневна комуникација
Водење на бизнис разговори во конкретни секојдневни деловни ситуации
Организирање и зборување на состаноци
Презентации на англиски јазик
Разговори на телефон
Давање на препораки и насоки
Дискусии за бизнис опкружување и економија
Разговарање со примена на стручна терминологија од различни области (ИТ, право, медицина, маркетинг и продажба итн.)
Можат да бидат опфатени и дополнителни теми и кореспонденција според потребите на слушателите.
Курсот вклучува:
Тест за одредување на нивото на познавање на јазикот
Сертификат



