
Ковид-19 безбедно
Одберете помеѓу онлајн едукација и безбедни часови со физичко присуство
Работиме по најстроги протоколи за заштита на здравјето на нашите ученици и за запазување на хигиената во просториите!
Доколку се одлучите за учење на странски јазик со физичко присуство важно е да знаете дека работиме крајно одговорно и совесно, во интерес на заштита на Вашето здравје. Во целост ги исполнуваме сите протоколи издадени од МЗ и МОН, а просториите и опремата се чистат, проветруваат и дезинфицираат после секоја група.
Зошто токму со нас?
Ние Постоиме За Вас
Јазичниот едукативен центар Кјара Дона располага со високостручен кадар на професори во едукативната област.
Го фокусираме своето работење кон деца и возрасни, преку иновативен пристап во учењето, со интерактивна и забавна програма, на повеќе странски јазици.
Часовите се организираат во согласност со потребите и интересите на учениците и се опфаќаат сите вештини за изучување на еден јазик.
Со целосна грижа кон своите ученици, Кјара Дона своите часови ги организира во мали групи, со цел секој ученик да го добие потребното внимание за совладување на материјалот.
Покрај индивидуалната настава, редовните, интензивните , суперинтензивните, специјализираните курсеви Кјара Дона врши подготвителна настава за стекнување на меѓународни сертификати за познавање на странски јазици, како и подготовки за полагање на испитите по македонски и англиски јазик од државната матура.
Ги надминуваме Вашите очекувања.







