СПЕЦИЈАЛИЗИРАНИ КУРСЕВИ
ПОДГОТОВКА ЗА ДРЖАВНА МАТУРА
МАТУРИРАЊЕТО Е ЕДЕН ОД НАЈВАЖНИТЕ МОМЕНТИ ВО ЖИВОТОТ.
НЕКА БИДЕ ЛЕСНО.
Подготовителна настава за полагање на државна матура по предметот странски јазик.
Наставата се темели на најважните модули за полагање на државниот испит:
Писмена интеракција (дел 1) - читање со разбирање на напишан текст и решавање на различни видови на задачи во врска со текстот.
Писмена интеракција (дел 2) - обработка на пишан текст , анализа на специфичен вокабулар и граматика со комплексни граматички структури.
Писмена интеракција (дел 3) - вклучува работа на пишани текстови со празнини во кои треба да се вметне соодветна категорија на зборови ( именки, глаголи, придавки, прилози, предлози ) во зависност од структурата на реченицата, решавање на лексички задачи и успешно дефинирање на категориите на зборовите во странскиот јазик.
Писмена интеракција (дел 4) - читање и разбирање на пишан текст и успешно одговарање на прашања поврзани со детали од текстот.
Писмена интеракција (дел 5) - пишување на писма, есеи и текстови од различна природа и намена. Особено внимание се обрнува на обуката на слушателите за успешно реализирање на пишан текст со различна тематика и изучување на соодветен вокабулар.
Динамика: 2 пати неделно x 90 минути, времетраење 8 месеци
Курсот вклучува:
Тест за одредување на нивото на познавање на јазикот
Сертификат



