СПЕЦИЈАЛИЗИРАНИ КУРСЕВИ
СТРАНСКИ ЈАЗИК ЗА ТУРИСТИЧКИ И ХОТЕЛИЕРСКИ РАБОТНИЦИ
ПОДОБРЕТЕ ГО ЛИЧНИОТ, КОРПОРАТИВНИОТ И СЕКТОРСКИОТ ИМИЏ
Ова е идеален краток курс за сите оние кој работат во и со туристичкиот и хотелиерскиот сектор.
Овој курс им помага на слушателите да зборуваат со примена на зборовен фонд од областа на туризмот и хотелиерството. Курсот им овозможува на слушателите да го совладаат јазик кој им е потребен за да комуницираат во различни ситуации. Секоја од наставнте единици го става слушателот во различно сценарио и го учи како да комуницира со клиентите соодветни ситуации. Автентичните документи го презентираат професионалниот вокабулар со дополнителни дефиниции на специфични зборови и фрази.
Овој курс е наменет за слушатели кои имаат средно ниво на познавање на општиот странски јазик (ниво Б1 според заедничката европска референтна рамка за јазици), а на кои им е потребно да го подобрат владеењето на јазикот со примена на туристичка и хотелиерската терминологија.
Некои од предвидените теми за овој курс се:
Прием на гости
Преговори
Телефонски разговори и состаноци
Подобрување на способноста за усна комуникација (говорење),
Проширување на својот вокабулар (речник со професионални изрази)
Корегирање на најчестите граматички грешки кои се јавуваат во комуникацијата.
Со активностите предвидени во рамките на курсот слушателите:
Го збогатуваат и усовршуваат јазикот
Ги повторуваат важните граматички структури
Ги развиваат вештините: слушање, зборување, читање и пишување
Предвидени се дополнителни материјали и теми со цел да се задоволат потребите на слушателите.
.
Курсот вклучува:
Тест за одредување на нивото на познавање на јазикот
Сертификат



