СПЕЦИЈАЛИЗИРАНИ КУРСЕВИ
ДЕЛОВЕН СТРАНСКИ ЈАЗИК
ПОДОБРЕТЕ ГО ЛИЧНИОТ И КОРПОРАТИВНИОТ ИМИЏ И ОТВОРЕТЕ НОВИ ДЕЛОВНИ МОЖНОСТИ
Курсот е наменет за студенти, постдипломци, лица кои се пред вработување и деловни луѓе од различни професии кои имаат потреба од остварување на деловна комуникација со партнери кои говорат странски јазик, поединци или компании/организации. Овој курс е наменет за оние кои имаат потреба од усовршување на деловен странски јазик и подобрување на комуникациските вештини од А2 до Б2 ниво. Целта на овие курсеви е учесниците да се оспособат активно да водат усна и писмена деловна комуникција во разни ситуации.
Оние кои добро го владеат јазикот имаат предност во барањето работа и поголема можност да најдат соодветна работа. Доколку Вие веќе работите таков тип на работа што бара употреба на странски јазик, секогаш ќе бидете подготвени да направите и склучите интернационален договор со странска компанија.
Некои од предвидените теми за овој курс се:
Деловна комуникација и кореспонденција (пишување деловни писма, извештаи, понуди, CV, мотивационо писмо и слично.
Размена на информации и идеи
Планирање и решавање на проблеми
Презентации
Преговори
Телефонски разговори и состаноци
Подобрување на способноста за усна комуникација (говорење), проширување на својот вокабулар (речник со професионални изрази)
Корегирање на најчестите граматички грешки кои се јавуваат во деловната комуникација
Толкување различни деловни документи
Со активностите предвидени во рамките на курсот слушателите:
Го збогатуваат и усовршуваат деловниот јазик
Ги повторуваат важните граматички структури
Ги развиваат вештините: слушање, зборување, читање и пишување
Предвидени се дополнителни материјали и теми со цел да се задоволат потребите на слушателите.
Курсот вклучува:
Тест за одредување на нивото на познавање на јазикот
Сертификат
