СПЕЦИЈАЛИЗИРАНИ КУРСЕВИ
ИНДИВИДУАЛНА НАСТАВА
ЕДЕН НА ЕДЕН,
ЗА ВРВНИ РЕЗУЛТАТИ
Индивидуалната настава е наменета за кандидати кои не се во можност да посетуваат настава во претходно одредени термини или во група и кои имаат различни потреби од оние кои ја посетуваат групната настава.
Индивидуалните часови функционираат на принципот „еден на еден“, односно професорот работи само со еден слушател.
Учењето на јазикот преку индивидуална настава ќе Ви овозможи за покусо време да го научите јазикот, да посетувате настава креирана исклучиво во согласност со Вашите потреби, со темпо кое Вам ви одговара и да го имате професорот само за себе, што подразбира негова целосна посветеност во активностите на часот само на Вас.
Индивидуалниот час може да биде со времетраење од 60, 90 или 120 минути – време кое е доволно за изведување на сите активности од кои вообичаено се состои секој стандарден јазичен курс (учење граматика, читање, пишување, слушање аудио материјал и конверзација). Цената на индивидуалната настава зависи од времетраењето на индивидуалниот час и вкупниот број на однапред договорените часови.



