
Техничка поддрш ка
ОНЛАЈН ДАЛЕЧИНСКА НАСТАВА
Како правилно да се најавите во Microsoft Teams за Кјара Дона часови
Ова упатство ќе Ви помогне да се најавите правилно во Microsoft Teams и да имате целосен пристап до часовите, разговорите и материјалите за учење.
Најавување во Teams
За да можете да влезете во системот, задолжително најавете се во Teams со истата е-маил адреса што сте ја дале при упис во Кјара Дона. Доколку користите друга адреса, нема да можете да ги гледате материјалите и разговорите во групата.


Фото 1

Фото 2

Фото 3
Избор на профил
При најавувањето Teams може да Ве праша дали сакате да влезете со Вашиот личен профил или со профилот на Кјара Дона. Во тој случај, секогаш изберете Кјара Дона (фото 1).
По најавувањето, проверете во горниот десен агол на екранот (кај иконата со Вашето име). Ако таму пишува „Kjara Dona“, тогаш сте најавени правилно (фото 2). Ако стои само Вашето име и презиме, тогаш сте најавени со личен профил и треба да се префрлите на Кјара Донаona. За да го направите тоа, кликнете на иконата со Вашето име и одберете ја опцијата „Kjara Dona“. (фото 3).
Приклучување на час
Кога ќе кликнете на линкот кон часот или „Join“ за да влезете на час, ќе се отвори прозорец каде што можете да ја вклучите или исклучите камерата и микрофонот. Во истиот прозорец ќе видите и со кој профил ќе влезете. Проверете дали пишува „Kjara Dona“ (фото 4). Доколку пишува нешто друго, кликнете на „Change“ и сменете го профилот во „Kjara Dona“ (фото 5). По правилниот избор, кликнете на копчето „Join now“ (фото 6).
Ако влезете веднаш на час без да чекате некој да Ве одобри, тогаш сте најавени правилно. Доколку пак треба да чекате наставникот да Ве пушти во часот, тоа значи дека сте најавени со погрешен профил и треба повторно да се најавите со „Kjara Dona“.
Фото 4

Фото 5

Фото 6

Проблеми со апликацијата на Windows
Понекогаш апликацијата на Windows може да не работи правилно и да прикажува грешки. Тоа се случува затоа што Teams знае да запамети стари најавувања. Во таков случај можете да направите ресет на апликацијата или, како едноставно решение, да ја користите веб-верзијата на Microsoft Teams.
За таа цел отворете https://teams.microsoft.com
преку Google Chrome или Microsoft Edge. Таму повторно најавете се со истата е-маил адреса што ја имате дадено при упис.


Корисен совет
Секогаш пред да започне часот проверете во горниот десен агол со кој профил сте најавени. Доколку таму не стои „Kjara Dona“, префрлете се на тој профил пред да се приклучите. Така ќе бидете сигурни дека ќе имате целосен пристап до часовите, разговорите и материјалите.

