top of page

My Items

I'm a title. ​Click here to edit me.

СТРАНСКИ ЈАЗИК ЗА ТУРИСТИЧКИ И ХОТЕЛИЕРСКИ РАБОТНИЦИ

Ова е идеален краток курс за сите оние кој работат во и со туристичкиот и хотелиерскиот сектор.


Овој курс им помага на слушателите да зборуваат со примена на зборовен фонд од областа на туризмот и хотелиерството. Курсот им овозможува на слушателите да го совладаат јазик кој им е потребен за да комуницираат во различни ситуации. Секоја од наставнте единици го става слушателот во различно сценарио и го учи како да комуницира со клиентите соодветни ситуации. Автентичните документи го презентираат професионалниот вокабулар со дополнителни дефиниции на специфични зборови и фрази.


Овој курс е наменет за слушатели кои имаат средно ниво на познавање на општиот странски јазик (ниво Б1 според заедничката европска референтна рамка за јазици), а на кои им е потребно да го подобрат владеењето на јазикот со примена на туристичка и хотелиерската терминологија.


Некои од предвидените теми за овој курс се:

  • Прием на гости

  • Преговори

  • Телефонски разговори и состаноци

  • Подобрување на способноста за усна комуникација (говорење),

  • Проширување на својот вокабулар (речник со професионални изрази)

  • Корегирање на најчестите граматички грешки кои се јавуваат во комуникацијата.


Со активностите предвидени во рамките на курсот слушателите:

  • Го збогатуваат и усовршуваат јазикот

  • Ги повторуваат важните граматички структури

  • Ги развиваат вештините: слушање, зборување, читање и пишување

  • Предвидени се дополнителни материјали и теми со цел да се задоволат потребите на слушателите.
    .

Курсот вклучува:

  • Тест за одредување на нивото на познавање на јазикот

  • Сертификат

КУРСЕВИ И ОБУКИ ПРИЛАГОДЕНИ СПОРЕД ВАШИТЕ ПОТРЕБИ

Од особена важност е да се препознае мигот кога се потребни стручни усовршувања, обуки и доквалификации во одредена област и како тоа може најдобро да го искористите. Затоа постоиме и секојдневно се трудиме да излеземе во пресрет на сите кои сакаат да го надградат своето знаење и да стекнат нови вештини.


Овие обуки и курсеви се наменети за невработени лица со цел да најдат работа, вработени што сакаат да го унапредат своето знаење, фирми што сакаат да ги обучат своите вработени, студенти, сите што сакаат да бидат поефективни и попродуктивни во сите сегменти од животот со правилна примена на странскиот јазик.

  • Интензивни курсеви со секојдневна настава за брза подготовка (на барање на претпријатија и институции)

  • Интензивни специјализирани курсеви 

  • Одржувње курсеви во просториите на компаниите 

  • Индивидуални часови по договор

  • Одредување на ниво на познавање на странски јазик за потребите на фирми и компании

  • Издавање потврда за активно познавање на странски јазик (според заедничката европска референтна рамка за јазици)

  • Превод од  разни стручни и научни области, како и судски преводи на документи

ИНДИВИДУАЛНА НАСТАВА

Индивидуалната настава е наменета за кандидати  кои не се во можност да посетуваат настава во претходно одредени термини или во група и кои имаат различни потреби од оние кои ја посетуваат групната настава.


Индивидуалните часови функционираат на принципот „еден на еден“, односно професорот работи само со еден слушател. 


Учењето на јазикот преку индивидуална настава ќе Ви овозможи за покусо време да го научите јазикот, да посетувате настава креирана исклучиво во согласност со Вашите потреби, со темпо кое Вам ви одговара и да го имате професорот само за себе, што подразбира негова целосна посветеност во активностите на часот само на Вас.


Индивидуалниот час може да биде со времетраење од 60, 90 или 120 минути – време кое е доволно за изведување на сите активности од кои вообичаено се состои секој стандарден јазичен курс (учење граматика, читање, пишување, слушање аудио материјал и конверзација). Цената на индивидуалната настава зависи од времетраењето на индивидуалниот час и вкупниот број на однапред договорените часови.

ПОДГОТОВКА ЗА ДРЖАВНА МАТУРА

Подготовителна настава за полагање на државна матура по предметот странски јазик.


Наставата се темели на најважните модули за полагање на државниот испит:

  1. Писмена интеракција (дел 1) - читање со разбирање на напишан текст и решавање на различни видови на задачи во врска со текстот.

  2. Писмена интеракција (дел 2) - обработка на пишан текст , анализа на специфичен вокабулар и граматика со комплексни граматички структури.

  3. Писмена интеракција (дел 3) - вклучува работа на пишани текстови со празнини во кои треба да се вметне соодветна категорија на зборови ( именки, глаголи, придавки, прилози, предлози ) во зависност од структурата на реченицата, решавање на лексички задачи и успешно дефинирање на категориите на зборовите во странскиот јазик.

  4. Писмена интеракција (дел 4) - читање и разбирање на пишан текст и успешно одговарање на прашања поврзани со детали од текстот.

  5. Писмена интеракција (дел 5) - пишување на писма, есеи и текстови од различна природа и намена. Особено внимание се обрнува на обуката на слушателите за успешно реализирање на пишан текст со различна тематика и изучување на соодветен вокабулар.


Динамика: 2 пати неделно x 90 минути, времетраење 8 месеци


Курсот вклучува:

  • Тест за одредување на нивото на познавање на јазикот

  • Сертификат

КОНВЕРЗАЦИЈА

Овој курс е наменет за слушатели од А2 до Ц1  ниво на познавање на странскиот јазик (според заедничката европска референтна рамка за јазици) а на кои им е потребно да ја подобрат својата умешност во комуникацијата. Овој курс е наменет за сите оние кои сакаат да го подобрат говорниот јазик на повисоко (професионално) ниво.


Целта на курсот е кандидатот да стекне поголема самодоверба во користењето на странскиот јазик, професионално да се изразува, како и целосно да го подобри комуницирањето на одбраниот јазик. Овој курс ќе Ви помогне да го проширите Вашиот вокабулар и флуентност кога разговарате на англиски јазик во секојдневни, но и деловни ситуации.


Содржините кои се опфатени во овој курс ќе им овозможат на кандидатите да се изразуваат течно и спонтано да комуницираат на различни теми и ќе им помогнат да започнат, водат и завршат раговори во формални и неформални ситуации.


Некои од предвидените теми за овој курс се:

  • Како да се започне и заврши разговор

  • Невербална комуникација

  • Размена на информации

  • Интеракција помеѓу соговорници

  • Стратегии на конверзација, презентација  со постојан акцент на зборувањето преку дискусии, дијалози и дебати како и читање и слушање автентични материјали

  • Искажување на свое мислење и барање мислење

  • Согласување / Несогласување

  • Учтиво барање

  • Предлози и совети

  • Секојдневна комуникација

  • Водење на бизнис разговори во конкретни секојдневни  деловни ситуации

  • Организирање и зборување на состаноци

  • Презентации на англиски јазик

  • Разговори на телефон

  • Давање на препораки и насоки

  • Дискусии за бизнис опкружување и економија

  • Разговарање со примена на стручна терминологија од различни области (ИТ, право, медицина, маркетинг и продажба итн.)

Можат да бидат опфатени и дополнителни теми и кореспонденција според потребите на слушателите.


Курсот вклучува:

  • Тест за одредување на нивото на познавање на јазикот

  • Сертификат

СТРАНСКИ ЈАЗИК ЗА ПРАВНИЦИ

Ова е идеален краток курс за секој кој има потреба да зборува за правото во деловна средина со клиенти, деловни партнери и колеги.


Странски јазик за правници им помага на слушателите на курсот да зборуваат со примена на зборовен фонд од областа на правото во деловна средина. Курсот им овозможува на слушателите да го совладаат правниот јазик кој им е потребен за да комуницираат во различни ситуации. Секоја од наставнте единици го става слушателот во различно сценарио и го учи како да ги советува клиентите за соодветни текови од правните постапки. Автентичните документи го презентираат професионалниот вокабулар со дополнителни дефиниции на правни зборови и фрази.


Овој курс е наменет за слушатели кои имаат средно ниво на познавање на општиот странски јазик (ниво Б1 според заедничката европска референтна рамка за јазици), а на кои им е потребно да го подобрат владеењето на јазикот со примена на правна терминологија.


Некои од предвидените теми за овој курс се:

  • Основи на правото

  • Правни договори

  • Инструменти на правно преговарање

  • Правна основа за бизнис

  • Правен имот

  • Осигурување

  • Судски процес

  • Преговори

  • Телефонски разговори и состаноци

  • Подобрување на способноста за усна комуникација (говорење),

  • Проширување на својот вокабулар (речник со професионални изрази)

  • Корегирање на најчестите граматички грешки кои се јавуваат во правната комуникација


Со активностите предвидени во рамките на курсот слушателите:

  • Го збогатуваат и усовршуваат јазикот

  • Ги повторуваат важните граматички структури

  • Ги развиваат вештините: слушање, зборување, читање и пишување

  • Предвидени се дополнителни материјали и теми со цел да се задоволат потребите на слушателите.
    .

Курсот вклучува:

  • Тест за одредување на нивото на познавање на јазикот

  • Сертификат

ДЕЛОВЕН СТРАНСКИ ЈАЗИК

Курсот е наменет за студенти, постдипломци, лица кои се пред вработување и деловни луѓе од различни професии кои имаат потреба од остварување на деловна комуникација со партнери кои говорат странски јазик, поединци или компании/организации.  Овој курс е наменет за оние кои имаат потреба од усовршување на деловен странски јазик и подобрување на комуникациските вештини од А2 до Б2 ниво. Целта на овие курсеви е учесниците да се оспособат  активно да водат усна и писмена деловна комуникција  во разни ситуации.


Оние кои добро го владеат јазикот имаат предност во барањето работа и поголема можност да најдат соодветна работа. Доколку Вие веќе работите таков тип на работа што бара употреба на странски јазик, секогаш ќе бидете подготвени да направите и склучите интернационален договор со странска компанија.



Некои од предвидените теми за овој курс се:

  • Деловна комуникација и кореспонденција (пишување деловни писма, извештаи, понуди, CV, мотивационо писмо и слично.

  • Размена на информации и идеи

  • Планирање и решавање на проблеми

  • Презентации

  • Преговори

  • Телефонски разговори и состаноци

  • Подобрување на способноста за усна комуникација (говорење), проширување на својот вокабулар (речник со професионални изрази)

  • Корегирање на најчестите граматички грешки кои се јавуваат во деловната комуникација

  • Толкување различни деловни документи


Со активностите предвидени во рамките на курсот слушателите:

  • Го збогатуваат и усовршуваат деловниот јазик

  • Ги повторуваат важните граматички структури

  • Ги развиваат вештините: слушање, зборување, читање и пишување

  • Предвидени се дополнителни материјали и теми со цел да се задоволат потребите на слушателите.


Курсот вклучува:

  • Тест за одредување на нивото на познавање на јазикот

  • Сертификат

КОНТАКТИРАЈТЕ  НЕ

ул. Даме Груев бр. 16, Скопје

Т.Ц. Палома Бјанка, 2 спрат

Телефони:  078518882  078313398

СЛЕДЕТЕ НЕ

  • Facebook
  • Instagram
  • YouTube
© 2019 Copyright KjaraDona
bottom of page